понеделник, 23. мај 2022. Вести денес: 42
home Хроника

Фрчеа казни од МВР за скопјани: 39 лица возеле брзо, исто толку под дејство на алкохол…

Фрчеа казни од МВР за скопјани: 39 лица возеле брзо, исто толку под дејство на алкохол…

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 39 санкции за возење под дејство на алкохол, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.

Коронавирус