вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Фотографии од страшната сообраќајка која ја потресе Струмица

Фотографии од страшната сообраќајка која ја потресе Струмица

Три лица се повредени во сообраќајна незгода која се случила 40 минути по полноќ во Струмица.

На крстосницата на улиците „Маршал Тито“ и „Ристоман Попчевски“ директно се судриле два автомобили марка „Пежо“. Автомобилот „Пежо 308“ го управувала Л.К. (50), а второто „Пежо 407“ со швајцарски ознаки го управувал малолетник роден 2001 година без возачка дозвола. Со него била и седумнаесетгодишна сопатничка.

Од ударот на двете возила „Пежо 308“ удрило во паркиран автомобил „опел астра“.

Од последиците од сударот двајцата возачи и сопатничката биле повредени и се пренесени на лекување во болницата во Струмица.

Полицијата извршила увид на местото на инцидентот.

Коронавирус