вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Вака гореше автобусот кој патуваше кон Македонија со 46 патници

ФОТО: Вака гореше автобусот кој патуваше кон Македонија со 46 патници

Бугарски автобус, со 46 патници кои патувале кон Македонија, синоќа целосно изгорел на патот меѓу Ќустендил и Граничниот премин Ѓуешево-Деве Баир.

Повредени патници нема, бидејќи сите навреме биле евакуирани и со друг автобус вратени во Софија.

Читател на КУРИР ја испрати оваа фотографија до нашата редакција, кој бил очевидец на настанот.

Бугарските медиуми пренесуваат дека автобусот се запалил околу 18:30 часот, но причините не се соопштуваат.

Според првичните сознанија, станува збор за куса врска во електричната инсталација на автобусот. За време на пожарот сообраќајот на патот бил во прекин.

Коронавирус