петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 141
home Хроника

ФОТО: Тешка сообраќајка во Струмица – пожарникари го ваделе од згмечениот автомобил

ФОТО: Тешка сообраќајка во Струмица – пожарникари го ваделе од згмечениот автомобил

Момче на 26 годишна возраст е потешко повредено во сообраќајка која се случи педесет минути по полноќ на булеварот „Климент Охридски“ во Струмица, откако со автомобил марка „мерцедес“ удрил во столб на коловозот.

Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која информираше дека возачот со тешки повреди е пренесен на лекување во струмичката болница.

Во извлекувањето на повредениот од искршеното возило учествувале и пожарникари на ТППЕ Струмица, кои со специјални хидраулични алатки го извадиле лицето и предале на екипата на првата помош.

Коронавирус