недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 85
home Хроника

ФОТО: Тешка сообраќајка на Првомајска, крвавите траги сведочат за несреќата

ФОТО: Тешка сообраќајка на Првомајска, крвавите траги сведочат за несреќата

Трагите од крв на булеварот „Борис Трајковски“ останаа сведок на тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера вечерта.

Министерството за внатрешни работи денес соопшти детали за несреќата во која тешко повреден е мотоциклист.

Како што информираат од полицијата во 21:35 часот е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“, во близина на крстосницата со улицата „Народни Херои“.

-Несреќата се случила помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ кое по незгодата го напуштило местото на настанот и мопед “ЗН50КТ-Е“ со скопски регистерски таблици, управуван од З.Г.(31) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.Г., констатирани од страна на лекар од комплексот клиники “Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус