вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 97
home Хроника

ФОТО: Судир на три возила пред Охрид

ФОТО: Судир на три возила пред Охрид

Три возила учествувале во сообраќајна несреќа која попладнево се случи пред Охрид, потврдуваат за Курир од СВР Охрид.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила на патот Охрид – село Подмоље во близина на поранешното стрелиште Мауцкер.

Од СВР Охрид за Курир велат дека според првичните информации во несреќата нема тешко повредени лица, а причинета е материјална штета.

Повеќе детали ќе бидат познати по завршување на увидот кој е во тек.

Коронавирус