петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 167
home Хроника

ФОТО: Стравична несреќа со фатални последици- преголемата брзина виновник за сообраќајката на патарината кај Тетово

ФОТО: Стравична несреќа со фатални последици- преголемата брзина виновник за сообраќајката на патарината кај Тетово

Поради брзина над дозволената, во сообраќајната несреќа што се случи вчера утрото кај наплатната рампа на автопатот Гостивар- Тетово, животот го загуби 51-годишна жена од Кичево, а повредени се 4 лица.

Фотографиите кои ги прати читател на КУРИР сведочат за немилиот настан.

Очевидци за ТВ21 раскажуваат како дошло до немилиот настан.

-Во раните утрински часови во 6 часот и 43 минути две возила, првото Туарег со дебарски таблички, со четворица патници, ја направи редовната наплата на патарината. По него наиде другото возило „мерцедес“ со охридски таблички, но од Кичево, но брзината го направи своето и ја предизвика оваа несреќа со фатални последици. Според нашите камери на наплатната рампа, брзината била преголема, изјави Берзах Бејтулаху, одговорен на наплатната рампа Гостивар- Тетово.

Поради штетата која била предизвикана од силниот удар, повредените биле извадени од возилата со помош на пожарникари.

-Со нашата специјална хидраулична опрема ја исековме вратата, го изнесовме возачот, но за жал веќе имаше починато. Меѓутоа, треба да се нагласи дека за време на несреќата можело да се случи уште поголема трагедија, бидејќи во мерцедесот избувна пожар. Употребивме противпожарни апарати и за среќа успеавме да го изгаснеме, изјави Ука Алити, командир на противпожарна единица- Тетово.

Коронавирус