петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Страшна сообраќајка на Првомајска, има загинати и поголем број повредени лица

ФОТО: Страшна сообраќајка на Првомајска, има загинати и поголем број повредени лица

Тешка сообраќајна несреќа се случила доцна синоќа на булеварот „Борис Трајковски“ кај Усје.

Според неофицијални информации во тешката сообраќајка животот го загубија две лица, а поголем број се повредени. Првично, во несреќата учествувале пет возила.

Дел од нив се целосно уништени. Полициски екипи поголем дел од булеварот го имаа затворено за сообраќај до завршување на увидот и расчистување на местото на настанот.

Официјални детални информации се очекуваат во текот на денот од Министерството за внатрешни работи.

Коронавирус