недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Се судрија автомобил и камион кај тунелот во Катланово

ФОТО: Се судрија автомобил и камион кај тунелот во Катланово

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот Велес-Скопје. Во неа учествуваа „Пежо 307“ со белградски таблички и камион.

Судирот се случил веднаш по излезот од тунелот. Автомобилот има видливи оштетувања додека пак камионот беше паркиран стотина метри подалеку, пренесува Пресинг Тв.

Се уште е нејасно што е причината за несреќата но најверојатно се работи за лизгање поради влажниот коловоз.