среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 102
home Хроника

ФОТО: Претреси во Синѓелиќ, запленети пиштоли

ФОТО: Претреси во Синѓелиќ, запленети пиштоли

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје на 22.10.2020, по добиена судска наредба, извршија претрес во два објекти во населба Синѓелиќ.

-При претрес во домот на К.И. пронајден е пиштол со една рамка и два куршуми, а при претрес на возило „голф“, кај М.И., пронајден е пиштол со една рамка и 14 куршуми, информира МВР.

Во врска со овој случај приведени се А.И. и Б.И. и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Коронавирус