петок, 5. март 2021. Вести денес: 111
home Хроника

ФОТО: Пожар во зграда во Гостивар, полицајци во првите редови при евакуација на станарите

ФОТО: Пожар во зграда во Гостивар, полицајци во првите редови при евакуација на станарите

Пожар денеска околу 11 часот избувнал во стан од зграда во гостиварска Седма зона, а во сопственост на 40-годишната Џ.Х.од Гостивар.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека во пожарот нема повредени лица, а еден од станарите на погорните катови од чадот почувствувал потешкотии со дишењето и пренесен е во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.

Полициските службеници кои први дошле на местото на настанот им помогнале на старите на излезат од објектот.

Со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Гостивар, на која најнепосредно и помогнале и полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар, кои од зградата за кусо време евакуирале петнаесетина лица, пожарот целосно е локализиран.

Увид на местото на пожарот извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Коронавирус