вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 166
home Хроника

ФОТО: Полицијата влезе на роденденска забава во стан во Центар, уапсени 13 лица – запленета дрога

ФОТО: Полицијата влезе на роденденска забава во стан во Центар, уапсени 13 лица – запленета дрога

На 24.12.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје околу 21.30 часот извршија претрес на дом, по претходно обезбедена наредба од Основен кривичен суд Скопје во стан во центарот на Скопје, сопственост на правно лице.

-При претресот се затекнати 13 лица кои присуствувале на роденденска забава, а пронајдени се повеќе пакувања со кокаин, марихуана, екстази, амфетамин, хашишово масло и друга дрога. Приведени се М.К. (22), В.А. (28), М.И. (28), С.Г. (23), Р.Ј. (22), Р.В. (31), Г.А. (23), Н.К. (22), П.Г. (27), М.И. (21), Н.Ш. (23), Т.П. (22) и В.М. (23), информира МВР.

Дел од лицата биле и затекнати додека консумирале наркотични средства. Против лицата ќе биде поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство.

Коронавирус