среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 20
home Хроника

ФОТО: Огромно количество оружје најдено во Кумановско

ФОТО: Огромно количество оружје најдено во Кумановско

Големо количество пешадиско оружје нашла полицијата завчера во атарот на кумановоското село Матејче, пишува НетПрес.

Биле откриени сандаци со гранати за рачен фрлач „Кастор“ – 30 мм, куршуми, рачен ракетен фрлач, бомби и моќни воени двогледи.

МВР за НетПрес ја потврди информацијата.

На 23 април, 2019 година, во 09.30 часот на место викано „Матејачки штали“ во село Матејче, во нива биле пронајдени гранати РРФ 40 мм, куршуми калибар 7,62×56мм, две рачни бомби со запалка кинеско производство, еден рачен ракетен фрлач (РРФ) со цевка кородиран, постоље за истиот, една дигитална нишанска справа со метална кутија и едно постоље за неа. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово и пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и предметите биле безбедно подигнати. Се работи на расчистување на случајот.

Засега нема информации од полицијата дали можеби најденото оружје има некаква поврзаност со изборите за претседател во земјава или пак станува ззбор за нешто друго.

Коронавирус