сабота, 10. април 2021. Вести денес: 55
home Хроника

ФОТО: МВР со нови детали за страшната сообраќајка, познат идентитетот на девојката која загина на Пониква

ФОТО: МВР со нови детали за страшната сообраќајка, познат идентитетот на девојката која загина на Пониква
МИА

Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајна несреќа која синоќа околу 2 часот се случила на регионалниот пат Кочани-Пониква.

Полицијата соопшти дека автомобил „фолксваген туарег“, со бугарски национални ознаки, управуван од И.А(38) од кочанско Облешево, излетал од коловозот. Во несреќата животот го загуби 31 годишната М.Б. од кичевското село Прибачево која била сопатичка во автомобилот.

-Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Другата сопатничка, Е.Г.(28) од с.Василево, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани, а со телесни повреди се здобил возачот, информира МВР.

На терен излегле и од противпожарната единица од Кочани кои помагале лицата да се извлечат од превртениот автомобил.

– Изутринава околу 3:15 часот добивме повик за интервенција за спасување повредени лица од сообраќајната несреќа кај Аеродромот, при што од превртеното возило извлековме безживотно тело на девојче кое настрадало на лице место. Другите две лица, момче и девојче кои се здобиле со потешки повреди беа префрлени со возило на итна помош во кочанската болница. Поради специфичноста на стрмниот терен и можноста возилото дополнително да излизга, бевме принудени да го осигураме со јажиња, истакна претходно Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица од Кочани.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.

Коронавирус