петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 48
home Хроника

ФОТО: Марихуана, метадон, екстази, кокаин и хероин пронајдени кај маж од Неготино

А.Т. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстаници“ и истиот ќе биде предаден на надлежен судија за понатамошна постапка.
ФОТО: Марихуана, метадон, екстази, кокаин и хероин пронајдени кај маж од Неготино

На 19.02.2018 година, на подрачје на Неготино по добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Одделот за крим  полиција  –Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Секторот за внатрешни работи Велес презедоа координирани мерки и активности.

При извршен претрес во домот и други простори кај лицето А.Т (41) во Неготино пронајдени и одземени се: 1,5 килограми наркотична дрога  марихуана,  20  таблети  екстази,  36 шишиња метадон, како и околу 10 грама кокаин, околу 110 грама хероин, една дигитална вага и 36.000 денари, за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога.

Пријавениот А.Т наркотичната дрога ја продавал на лица -уживатели од подрачјата на Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Валандово и Струмица.

Коронавирус