недела, 27. септември 2020. Вести денес: 30
home Хроника

ФОТО: Карамбол на патарината кај Тетово- се судрија 4 возила

ФОТО: Карамбол на патарината кај Тетово- се судрија 4 возила

Четири патнички возила се судрија на наплатната рампа кај Тетово, за среќа нема жртви.

Во сообраќајката учествувале „хонда“ со словенечки регистерски таблички, управувана од 56-годишниот Ф.В. од Добридол, гостиварско, „пежо“ со охридски таблички управувано од Д.Г. (50) од Охрид, „цитроен“ со бугарски регистерски таблички управуван од С.У. (55) од Струга и „мазда“ со австриски регистерски таблички, управувана од 34-годишниот Ј.М. од Австрија. Сите се движеле од Гостивар кон Тетово.

Повреден е возачот на „хондата“. Во тек е полициски увид, по што ќе се знаат околностите кои довеле до судирот.

ФОТО: Прес 24

Коронавирус