недела, 16. декември 2018. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Карамбол кај клучката Хиподром, верижен судир меѓу 6 возила

ФОТО: Карамбол кај клучката Хиподром, верижен судир меѓу 6 возила

Сообраќајна несреќа во која учествувале шест возила се случила утринава кај клучката Хиподром.

Според првичните информации со кои располага полицијата во несреќата учествувале автомобил со скопски регистерски ознаки, автомобил „Тојота“ со прилепски таблички, „Шкода“ со скопски ознаки, „Рено“ со велешки ознаки, товарно возило со охридски таблички и автобус со скопски регистерски ознаки.

Неофицијално во несреќата повредено е едно женско лице кое било пренесено во Ургентниот центар.

Најверојатно причина за несреќата е лизгав коловоз, но повеќе детали ќе бидат познати по завршување на полицискиот увид кој е во тек.

Сообраќајот се одвива отежнато по една коловозна лента.