четврток, 29. јули 2021. Вести денес: 1
home Хроника

ФОТО: Двајца возачи и две деца повредени во сообраќајка во велешко

ФОТО: Двајца возачи и две деца повредени во сообраќајка во велешко

Две малолетни деца и двајца возачи се полесно повредени во сообраќајна несреќа која пред два дена се случила на крстосница кај Башино село.

Од МВР за Курир ја потврдуваат несреќата и истакнуваат дека истата била пријавена на 28-ми околу 19:45 часот.

-Во несреќата учествувале две возила, автомобил „Рено“ управуван од М.Ѓ. (39) и автомобил „Мерцедес“ со англиски регистерски ознаки управуван од велешанецот Ч.Д. (37), велат од МВР за Курир.

Со полесни повреди, според информациите на полицијата, се здобиле двајцата возачи и две малолетни лица од „Реното“ кои биле пренесени во велешката болница.

Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.

Коронавирус