понеделник, 17. јуни 2019. Вести денес: 40
home Хроника

„Форд Галакси” без регистарски таблички излетал од патот и завршил во одводен канал

„Форд Галакси” без регистарски таблички излетал од патот и завршил во одводен канал

На локалниот пат меѓу селата Браилово – Долнени, општина Долнени, кај железничката станица Браилово, вчера патничко возило „Форд Галакси” без регистарски ознаки, управувано од Д.В.(45) од  село Сенокос, прилепско, изгубило контрола и излетало во одводниот канал.

Д.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Прилеп, каде му била укажана лекарска помош.

Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп, информираат од МВР.