вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 67
home Хроника

Физички нападнат 27-годишен маж во населбата Колонија

Физички нападнат 27-годишен маж во населбата Колонија

Две непознати лица вчера физички го нападнале И.В.(27) од скопското село Трубарево во паркот во населбата Колонија. Непознатите го удирале со тупаници и со тврд предмет во пределот на телото.

Како што соопшти МВР, И.В. побарал лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде од лекар му биле констатирани телесни повреди.

Оштетениот изутринава во 00:40 часот го пријавил случајот во Секторот за внатрешни работи Скопје.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот. 

Коронавирус