петок, 29. септември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Физички напад во угостителски објект во Тетово, приведени четири лица

Физички напад во угостителски објект во Тетово, приведени четири лица

Четири лица, меѓу кои едно малолетно, се приведени вчера околу  23 часот и 15 минути во угостителски објект во Тетово.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски истакнува дека полициски службеници ги привеле Р.Б.(35), К.А.(27), А.Б.(21) и 17-годишник, сите од Тетово, откако физички ги нападнале 43-годишната Ш.Н. од Гостивар и А.А.(38) од тетовско Боговиње.

Нападот се случил во угостителскиот објект лоциран на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово

-Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок, нагласи Јосифоски.