среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 123
home Хроника

Физичка пресметка во утринските часови во Кичево

Физичка пресметка во утринските часови во Кичево

Во раните утрински часови во близина на бензиска пумпа во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу А.В.(17), А.З.(20), двајцата од Кичево и Б.С.(37) од Битола. По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Тој додаде дека вчера полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода З.Г.(42) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од растението канабис сатива и марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус