понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Физичка пресметка во Клиничката болница во Тетово: Нападнат економскиот директор на болница

Физичка пресметка во Клиничката болница во Тетово: Нападнат економскиот директор на болница

Во Клиничката болница во Тетово вчера се случила физичка пресметка, каде што нападнат бил економскиот директор на Клиниката, јавија вчера албанските медиуми во земјата.

Настанот денеска беше објавен и во билтенот на СВР-Тетово:

Вчера (3 февруари) во 12 часот и 45 минути, А.Е.(41) од Тетово пријавил дека околу 11 часот во тетовската Клиничка болница, каде бил вработен, физички бил нападнат од Н.С.(50) од тетовско Селце, исто така, вработен во болницата. Набрзо потоа, Н.С. пријавил дека тој бил физички нападнат од А.Е и од уште неколку други лица кои не биле вработени во болницата.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, стои во билтенот на СВР-Тетово.

Имено според вчерашните информации на медиумите пресметката се случила помеѓу вработен во Клиниката, соработник на директорот на Ф.И и економскиот директор А.Е.

Неофицијално, во инцидентот имало вмешано и други лица, а причината наводно била несогласувањето меѓу двата директори.

ЕУРО 2020

Македонија