среда, 2. декември 2020. Вести денес: 168
Во живо

Протест во Куманово – „Оставка на Заев, слобода на народот“!

home Хроника

Фатени со огромна количина на дрога: Кривична пријава за двајца дилери од Струга

Фатени со огромна количина на дрога: Кривична пријава за двајца дилери од Струга

СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.Л.(53) од струшкото село Долна Белица и С.И.(31) од Струга поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При претрес на автомобил „форд фокус“ со струшки таблички, управуван од С.Л. на 18 овој месец, пронајдени се три црни патни торби со 26 паковања во кои имало 47 килограми и 745 грама марихуана и 47,68 грама кокаин.

На двете лица, како што соопшти СВР Охрид, изречена им е мерка притвор во траење од 30 дена.

Коронавирус