четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 19
home Хроника

Фатени крадци со 89 килограми риба во возило без документи

Фатени крадци со 89 килограми риба во возило без документи

На 02.02.2020 во 22:00 часот, полициски службеници од Полициска станица Штип ги привеле Ф.И.(42), С.Е.(36) од с.Селце и Р.А. од с.Пенуш, штипско, затоа што во 20:25 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, при контрола на патничко возило без регистарски таблички, во кое се превезувале, било утврдено дека тие не поседувале документи за идентификација и документи за возилото.

При прегледот во возилото била пронајдена поголема количина на риба.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претседателот на Здружението на спортски риболовци „Брегалница 2011“, Никола Мицевски вели дека при увидот пронајдени се 89 килограми риба бојник, два комбинизони и еден сак, кое е недозволено средство за ловење на риби.

-Едното од лицата кои беа спроведено во Полциската станица кажало дека рибата ја ловел во сак во штипското село Црешка на река Брегалница, каде што концесионер е Здружение на спортски риболовци „Брегалница 2011“, вели Мицевски.

Здружението „Брегалница 2011“ рибата и недозволената опрема ги предаде на Државниот инспекторат за земјоделство, а против рибокрадците ќе поднесат кривична пријава за криволов и барање до судот за оштета согласно ценовникот за риболов.

Коронавирус