вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Хроника

Фатени двајца малолетници кои извршиле тeшки кражби во Штип

Фатени двајца малолетници кои извршиле тeшки кражби во Штип

По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници  од СВР Штип, лишени се од слобода две малолетни лица на возраст од 16 и 17 години кои на улицата „Вера Циривири“ биле затекнати при вршење на кривично дело „кражба“ од патничко возило „застава“ , сопственост на 65 годишниот М.Б.од Штип, информира портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.

– Исто така, малолетниците се осомничени дека се сторители на кривично дело „тешка кражба“ извршена на 01.05.2020  околу 17.30 часот од куќа на ул.„Иво Лола Рибар“ во Штип, сопственост на 73 годишниот К.М.од Штип, од каде бил одземен златен накит и кривично дело „кражба“, извршена на 1 мај околу 18 часот од куќа на улицата „19-та бригада“, сопственост на Б.Ш.М.од Штип, вели Панајотова.

Од страна на полициски службеници украдените предмети се вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава.

ЕУРО 2020

Македонија