среда, 2. декември 2020. Вести денес: 145
home Хроника

Фалсификувани денари низ Кавадарци- дел од нив пуштени во оптег, дел изгорени

Фалсификувани денари низ Кавадарци- дел од нив пуштени во оптег, дел изгорени

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.Ч.(27), Љ.Т.(30) и С.О.(20), сите од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“.

Во текот на јуни 2019 пријавените набавиле 193 фалсификувани банкноти од по 500 денари, 41 банкнота од по 1.000 денари и банкнота од 2.000 денари, по што второпријавениот дел од нив пуштил во оптек во Кавадарци, а дел од нив во износ од 40.000 денари им ги предал на еден малолетник и на третопријвениот со обврска да му дадат надомест од 3.000 денари.

По ова, тие, дел од фалсификуваните банкноти ги пуштиле во промет, а додека останатите банкноти ги изгореле.

Коронавирус