недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 0
home Хроника

Експлозија во куќа во Скопје, маж се бори за живот

Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди здобиени од експлозија од бренер за заварување.
Експлозија во куќа во Скопје, маж се бори за живот

Вистинска драма се одвивала вчера во 14:45 часот во Скопје кога на улицата „Бриселска“ имало експлозија во куќа.

Ј.И. пријавил дека на улицата, во куќата на неговиот сосед, 92-годишниот С.С. имало експлозија и притоа бил повреден 64-годишниот М.С. кој бил работно ангажиран од сопственикот на куќата и во моментот заварувал.

Притоа во куќата избувнал оган кој бил изгаснат од страна на соседите.

Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди здобиени од експлозија од бренер за заварување.

Тој е во животна опасност. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и извршен е увид.

Коронавирус