сабота, 15. август 2020. Вести денес: 76
home Хроника

Eксплозија на плинска боца во куќа во кумановско, повредено момче

Eксплозија на плинска боца во куќа во кумановско, повредено момче

Експлозија на плинска боца се случила вчера околу 10 часот во куќа сопственост на Ф.Т. (28) во с.Доброшане, кумановско.

Во експлозијата е повреден Ф.Т., а истата настанало откако тој запалил шпорет на дрва на кој била поставена плинска боца, која притоа експлодирала.

-Ф.Т. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус