четврток, 18. јули 2019. Вести денес: 82
home Хроника

Експлодираше бомба во Драчево: Оштетени автомобили и куќи, жителите потресени и во страв

Експлодираше бомба во Драчево: Оштетени автомобили и куќи, жителите потресени и во страв

Утрово околу 04.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Партизански пат“ во населба Драчево, во дворот од куќата на Н.И.(25), непознато лице фрлило експлозивна направа и биле оштетени патнички возила „Ауди“, „Рено Клио“ и „Голф 3“, а биле оштетени и прозорци од куќата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Читател на КУРИР до нашата редакција испрати порака во која вели дека по немилиот настан жителите се потресени.

-Бомба кашикара беше фрлена утрово околу 4 часот во Драчево. Сите во околината се потресени и има оштени возила и шрапнели по цели куќи. Уште колку бомби кашикари треба да очекуваме оваа година, почнавме да живееме во страв, вели нашиот читател.