сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 57
home Хроника

Екипа на Брза помош навредувана при интервенција бидејќи укажале присутните да стават маски

Екипа на Брза помош навредувана при интервенција бидејќи укажале присутните да стават маски

Во СВР Скопје синоќа било пријавено дека екипа на Итна медицинска помош била на интервенција на ул.“Стокхолмска“ бидејќи имале повик дека на Т.А. и се влошила здравствената состојба, каде биле пречекани од В.А.(54) од Скопје, Д.А.(49) од Скопје и уште три други лица.

-Кога едно од медицинските лица им укажало да стават маски за да можат да интервенираат, лицата почнале да ги навредуваат и омаловажуваат и да удираат по комбето, информира МВР.

На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Коронавирус