петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 50
home Хроника

Едно лице загина во трагична сообраќајка која се случи синоќа

Едно лице загина во трагична сообраќајка која се случи синоќа

На регионалниот пат Штип – Кочани, кај мостот на Тркањска Река, синоќа загина 34-годишниот Д.А. од кочанското село Бели, потврдија од СВР-Штип.

Портпаролката на штипската полиција Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила синоќа во 22 часот, кога 34-годишниот Д.А. се движел со своето возило на патот од Штип кон Кочани, при што од засега непознати причини излетал од коловозот.

На местото на несреќата лекар и медицинска екипа од Итна медицинска помош од Општата болница во Кочани констатирале смрт кај Д.А.

Панајотова посочи дека во рок од еден месец ова е втора жртва на регионалниот пат Штип – Кочани.

Коронавирус