петок, 19. јули 2019. Вести денес: 60
home Хроника

Едно лице загина, три се повредени: Тешка сообраќајна несреќа во Битола

Едно лице загина, три се повредени: Тешка сообраќајна несреќа во Битола

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на локалниот патен правец Битола – Кичево, кај селото Драгожани.

При судир на комбе и патничко моторно возило, загина возачот на патничкото возило марка Пежо, 52 годишно лице од селото Секирани.

Со тешки повреди хоспитализирани во битолската болница се три други лица. Како дошло до несреќата се уште нема официјални информации, пренесува ТВ21.