среда, 5. октомври 2022. Вести денес: 0
home Хроника

Едно лице тешко повредено во сообраќајка кај Романовце

Едно лице тешко повредено во сообраќајка кај Романовце

На 22.01.2018 година во 12.30 часот на автопат Скопје-Куманово, помеѓу наплатен пункт на Јавно претпријатие за Државни патишта кај с. Романовце и наплатен пункт кој е во изградба, се случила сообраќајна незгода во која М.М. (39) од Куманово, управувајќи патничко возило „Пежо 207“ со бугарски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал надвор од коловоз и удрил во метален столб за осветлување.

По незгодата, М.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Терзеа“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Коронавирус