сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 16
home Хроника

Едно лице тешко и шест полесно повредени во 13 сообраќајки во Скопје вчера

Едно лице тешко и шест полесно повредени во 13 сообраќајки во Скопје вчера
фото илустрација

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 13 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, шест со лесни телесни повреди и шест со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а седум лица со лесни телесни повреди. Од сообраќај се исклучени 15 возачи бидејќи 13 управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи биле почетници.

Исто така санкционирани се и 15 возачи бидејќи управувале нерегистрирани возила, тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување и осум возачи на мотоцикли поради некористење на заштитна кацига. Во текот на изминатиот ден издадени се 108 мандатни платни налози, додека 82 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Коронавирус