вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 195
home Хроника

Едно лице потешко повредено во сообраќајка во Скопје

Едно лице потешко повредено во сообраќајка во Скопје

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди во една од вкупно девет сообраќајки во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет полесно се повредени пет лица, а во три сообраќајки е причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 51 возач кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 25 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден почетник, како и 15 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и 10 возачи кои  поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи  не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престројување, 10 возачи за не користење заштитен шлем,  четворица  возачи за не носење сигурносен појас и 10 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Шест пешаци биле санкционирани за минување коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 78 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 54 возила. (МИА)

Коронавирус