сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Едно лице почина, друго е повредено: Возел претоварен трактор, па доби кривична

Едно лице почина, друго е повредено: Возел претоварен трактор, па доби кривична
фото илустрација

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.Г.(48) од с.Двориште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“.

На 25.10.2019, по шумски пат на влезот во с. Двориште, пријавениот управувал трактор со приколка натоварена со дрва на која се превезувале и З.Ч.(34) и В.Г.(47), двајцата од с. Двориште.

Притоа, пријавениот изгубил контрола над возилото и удрил во канал покрај патот и во дрво, по што се превртел, па З.Ч. починал, а В.Г. се здобил со тешки телесни повреди.

Коронавирус