вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 131
home Хроника

Единаесет лица повредени во сообраќајки во Скопје

Единаесет лица повредени во сообраќајки во Скопје

Единаесет лица се повредени во вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три од нив е причинета материјална штета.

СВР Скопје во денешниот билтен информира дека се санкционирани девет возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени 15 лица кои возеле пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и двајца возачи под дејство на алкохол. Од сообраќај се исклучени и 12 нерегистрирани возила.

Сакнционирани се и 25 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле и осум возачи за неносење на сигурносен појас.

Сообрачајната полиција издала 85 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 70 возила.