четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 40
home Хроника

Единаесет лица повредени во сообраќајка кај Гостивар

Единаесет лица повредени во сообраќајка кај Гостивар

Единаесет лица се медицински згрижени во гостиварската општа болница по сообраќајната несреќа што се случи на магистралата Гостивар-Кичево. По речиси двочасивниот прекин, сообраќајот повторно се одвива непречено во двете насоки.

Според првичните наоди од извршениот увид, во сообраќајната несреќа која се случи околу 14:00 часот, во близина на отворените каменоломи, се судриле минибус и два патнички автомобила.

Едно лице како итен случај е префрлено на скопските клиники.

Карактерот на повредите на повеќето лица се утврдува. Полицијата работи на утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

Коронавирус