сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 73
home Хроника

Единаесет дена по пожарот во Кисела Вода: Темнина, расфрлан шут и изгорени ѕидови

Единаесет дена по пожарот во Кисела Вода: Темнина, расфрлан шут и изгорени ѕидови

Темнина, изгорени ѕидови растурен шут и мирис на изгорено, снимки како за хорор филм. 11 дена од пожарот во Кисела Вода во зградата ретко ќе помине некој станар од целосно уништените станови да го собере отпадот и да замине, пренесува „Канал5“.

Во зградата се уште нема струја. Оваа светлина која дава малку видливост низ ходниците и скалите преку кабел ја добиваат од третиот влез.

Управител на зградата за Канал 5 објаснува дека елаборатот е подготвен и струја ќе добијат парцијално долните катови, а онаму каде што се целосно оштетни становите спасот ќе го бараат со записникот од полицијата да заминат во општина за да видат колку може да се помогне финасиски.

Потсетуваме дека спратовите од оваа зграда гореа минатиот понеделник кога пожарот од петтиот кат се прошири и кон другите катови. Причина за пожарот е прегреан продолжен кабел. Во големиот пожар беа повредени 11 луѓе.