недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 4
home Хроника

Еден загинат во тешка сообраќајка во тетовско

Еден загинат во тешка сообраќајка во тетовско

Сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот се случила вчера во 14:30 часот на регионалниот пат с.Пирок-Тетово, кај с.Г.Речица.

Од полицијата информираат дека патничко моторно возило “Опел Астра“ со тетовски регистерски таблици управувано од И.Б.(66) од с.Г.Речица-тетовско, излетало надвор од коловозот и удрило во бандера.

-Веднаш по незгодата, И.Б. бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде од страна на лекар констатирана била смрт, информираат од МВР.

Во присуство на jавен обвинител увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус