петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 80
home Хроника

Еден загинат и неколку повредени во сообраќајка на патот Охрид- Кичево

Еден загинат и неколку повредени во сообраќајка на патот Охрид- Кичево

Едно лице загина, а неколку се повредени во сообраќајна несреќа која се случила попладнево на магистралниот пат Охрид- Кичево, информираше полицијата.

Според СВР Охрид, сообраќајката се случила околу 18.20 часот кај село Врбјани кога се судриле автомобили „голф“ и „тојота“. Возачот од “голфот“ починал на самото место, а има и неколку повредени. Идентитетот на настраданите ќе биде дополнително објавен.

Увидот се уште трае, а сообраќајот се пренасочува по новиот пат.

Возачите кои вечерва се враќаат по патот Охрид-Кичево кон Скопје се соочуваат со голем застој на патот и километарска колона, а движењето е речиси никакво.

Локални избори 2021