понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 165
home Хроника

Еден загинат, две лица тешко повредени во сообраќајки во Скопје

Еден загинат, две лица тешко повредени во сообраќајки во Скопје

Едно лице, сопатник во возило, загинало во сообраќајна несреќа, две лица, сопатник во возило и велосипедист, се здобиле со тешки телесни повреди во вкупно 11 сообраќајни несреќи што во текот на изминатиот ден се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

Во останатите сообраќајки лицата се полесно повредени и/или е причинета материјална штета.

Двајца возачи се исклучени од сообраќај – еден поради управување возило под дејство на алкохол, а другиот зашто немал возачка дозвола. Исклучени се и две нерегистрирани возила.

Според извештајот на Одделението за превенција на СВР Скопје, поради непрописно паркирање, со „пајак“ биле подигнати 56 возила.

Коронавирус