Поради основно сомнение за подметнување на пожарот кај селото Ботун уапсен е 55-годишниот Б. С. од истото село.
Се сомничи дека го предизвикал пожарот на отворен простор при што целосно изгореле електричен столб сопственост на евн и други предмети во приватна сопственост.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава, информираат од полицијата.