четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Еден тешко повреден во сообраќајка помеѓу мотор и автомобил

Еден тешко повреден во сообраќајка помеѓу мотор и автомобил

На 07.09.2020 во 13.30 часот било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Свети Николе се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „баотиан“ со штипски регистарски ознаки, управуван од С.П.(55) од с.Пеширово, светиниколско и патничко возило „фолксваген бора“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(49) од Свети Николе.

Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип, се здобил возачот на мопедот.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

Коронавирус