вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 68
home Хроника

Еден потешко и тројца полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Еден потешко и тројца полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Едeн пешак е потешко повреден, а три лица се здобиле со полесни повреди во четири сообраќајки што се случија изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека за пречекорување на брзината при возење санкционирани се 17 возачи. Од сообраќај исклучени се 21 возач од кои 18 лица пред да се стекнат со правото на управување и тројца кои биле почетници. Исклучени од сообраќај се и 17 нерегистрирани возила и шест возачи со истечена важност на сообраќајната дозвола.

Сообраќајната полиција изрекла мерки за 102 возачи за непрописно паркирање, а специјалното возило „пајак“ подигнал 88 возила. Изречени се санкции и за еден пешак кој поминал на црвено светло, за двајца возачи кои поминале на црвено светло, како и на тројца возачи за неправилно престигнување.

Во текот на денот, Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Григор Прличев“ во општина Гази Баба.

Во текот на вчерашниот ден, Одделението за превенција реализира посебна сообраќајна поука за граѓаните кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи.

Коронавирус