петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 160
home Хроника

Еден починал на лице место, друг на пат кон болница- МВР со детали за кобната сообраќајка

Еден починал на лице место, друг на пат кон болница- МВР со детали за кобната сообраќајка

На регионалниот пат Демир Капија- Неготино, во близина на клучка с.Тремник, вчера во 13.30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи“, со неготински регистарски ознаки, управувано од Е.К.(40) од с.Тремник, неготинско, и патничко возило „фолксваген голф“, со неготински регистарски ознаки, управувано од М.Н.(51) од Неготино.

Притоа, Е.К. починал на местото на настанот, а М.Н. починал на патот кон болница.

Основен јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино извршиле увид на местото на настанот.