понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Еден пешак потешко повреден во сообраќајка во Скопје

Еден пешак потешко повреден во сообраќајка во Скопје

Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, а пет лица со лесни телесни повреди во пет од вкупно 10 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила двајца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, еден возач пред да се стекне со право на управување на моторно возило и четири нерегистрирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ подигнати се 55 возила.

Казнети се и 15 пешачи кои поминале коловоз вон пешачки премин и двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло.

Коронавирус