вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 79
home Хроника

Две жени прегазени во Струмица, возачот избегал

Две жени прегазени во Струмица, возачот избегал

На крстосница од бул.„Маршал Тито’’ и ул.„Ленинова’’ во Струмица, едно возило удрило во пешаците М.Б.(61) од Радовиш и В.А.(57) од Струмица, по што го напуштило местото. Несреќата се случила вчера околу 14:30 часот.

-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила В.А., а со телесни повреди се здобила М.Б., по што биле пренесени во болницата во Струмица за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.