сабота, 3. јуни 2023. Вести денес: 51
home Хроника

Две жени прегазени во Скопје

Две жени прегазени во Скопје

Две повозрасни жени вчера околу пладне биле прегазени на крстосницата од улиците „Смилевска“ и „Жеденска“.

Од полицијата информираат дека патничко моторно возило “Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од Л.Ј.(25) од Скопје удрило во пешаците Т.К.(79) и Р.А.(82), двете од Скопје.

-Т.К. со возило била пренесена во Градската општа болница “8-ми Септември“ каде што од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди, a потоа била пратена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде била задржана на понатамошно лекување, информираат од МВР.

Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.